Muhammed Nuri Erdoğan
19 Август 2020•Ажурирај: 20 Август 2020
АНКАРА (АА) – Министерството за одбрана на Турција соопшти дека турските безбедносни сили неутрализираа двајца терористи на ПКК во областа Зап во северен Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на министерството двајца терористи на терористичка организација ПКК идентификувани во регионот Зап на северот на Ирак се неутрализирани со воздушни операции.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени. ЈПГ е нејзин сириски огранок.