Турција

Турското МНР: Грција уште еднаш покажа дека ги штити пучистите

„Иако е наведено дека Озкајнакчи е пуштен на слобода со строги мерки на забрана, оваа одлука покажува дека не се преземени неопходните мерки против еден предавник кој учествуваше во обид за пуч...“

Tuğçenur Yılmaz  | 20.04.2018 - Обновена : 20.04.2018
Турското МНР: Грција уште еднаш покажа дека ги штити пучистите

Ankara

АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Република Турција реагираше на одлуката на Врховниот суд на Грција, кој вчера со мерки на забрана го пушти на слобода Сулејман Озкајнакчи, еден од пребеганите пучисти на ФЕТО по неуспешниот обид за воен удар во Турција, во јули 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).

Грчкиот Врховен суд, на чело со претседавачот Николаос Сакелариу, вчера ја разгледуваше жалбата на одлуката на Апелациониот суд во Атина, кој во јануари го суспендираше процесот на доделување азил на Озкајнакчи, усвојувајќи ја жалбата на грчката влада.

Имено, грчката Влада побара од судот да го прекине процесот на доделување азил поради можноста за влошување на односите со Турција.

Врховниот суд донесе одлука Озкајнакчи да се пушти на слобода со мерки на забрана, во рамките на кои е должен да пријави адреса, секојдневно да се јавува во полиција и да не ја напушта државата.

На оваа одлука Врховниот суд на Грција, со соопштение реагираше и Министерството за надворешни работи на Турција.

„Иако е наведено дека Озкајнакчи е пуштен на слобода со строги мерки на забрана, оваа одлука покажува дека не се преземени неопходните мерки против еден предавник кој учествуваше во обид за пуч, како и тоа дека Грција е земја која штити и поддржува пучисти“, се наведува во соопштението.

Од турското министерство се укажува и на фактот дека Грција во неколку наврати одби да одговори на барањето на Турција за екстрадиција на пучистите, и се нагласува дека Турција и понатаму е истрајна во напорите за испорачување на пучистите и нивно судење во Турција.

Судот во Грција неколкупати донесе одлука да не се екстрадираат осум пребегани турски војници, пучисти, кои како припадници на терористичката организација ФЕТО учествуваа во неуспешниот обид за пуч во Турција, а потоа со хеликоптер на Турската армија побегнаа во Грција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın