Турција

Јилдирим повторно ја повика Грција да ги испорача припадниците на ФЕТО

„Ова му нанесува штета на нашето пријателство. Се надевам дека ќе ги испорачаат (во Турција) припадниците на ФЕТО. Го повторуваме нашиот повик. Не сакаме припадниците на ФЕТО да влијаат негативно на грчко-турското пријателство и односи“

Ekipa  | 20.04.2018 - Обновена : 21.04.2018
Јилдирим повторно ја повика Грција да ги испорача припадниците на ФЕТО

Ankara

АНКАРА (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим, денес изјави дека припадниците на ФЕТО во последно време Грција ја гледаат како безбедно засолниште, јавува Anadolu Agency (AA).

Јилдирим во Анкара одговараше на прашањата на новинарите, и, меѓу другото, ја искоментира вчерашната одлука на Врховниот суд на Грција, кој ослободи еден од осумте пребегани пучисти на ФЕТО.

„Ова му нанесува штета на нашето пријателство. Се надевам дека ќе ги испорачаат (во Турција) припадниците на ФЕТО. Го повторуваме нашиот повик. Не сакаме припадниците на ФЕТО да влијаат негативно на грчко-турското пријателство и односи“, рече турскиот премиер.

Јилдирим се осврна и на изјавата на портпаролката на Министерството за надворешни работи на Соединетите Американски Држави (САД), Хедер Нојерт, во врска со предвремените избори во Турција, која изрази загриженост поради одржувањето на изборите во Турција, со оглед на тоа дека во земјата на сила е вонредната состојба.

„Тие нека си ја гледаат својата работа. Во САД поминаа 1,5 години од претседателските избори, но таму сè уште траат расправите за нерегуларностите во изборниот процес. Ако САД сакаат да видат што се тоа избори, нека дојдат во Турција. На лице место нека видат дали се или транспарентни не“, порача Јилдирим.

Турскиот премиер даде коментар и во врска со синоќешните нереди на натпреварот во полуфиналето на турскиот куп помеѓу Фенербахче и Бешикташ, поради што натпреварот беше прекинат. „Нападот на тренерот на Бешикташ, Шенол Ѓунеш, е неприфатлив, најостро го осудувам. Фудбалската федерација започна истрага. Сите оние кои се одговорни ќе бидат соодветно казнети“, рече турскиот премиер, Бинали Јилдирим.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın