Meltem Bulur
16 Октомври 2017•Ажурирај: 16 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Турција го осуди игнорирањето на активностите кои вчеравечер припадниците на терористичката организација ПКК ги започнаа во неколку европски градови, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција се наведува дека зачудува тоа што им се дозволува на припадниците на организацијата којашто се наоѓа на листата на терористички организации на ЕУ да спроведуваат пропаганда, да ги истакнуваат симболите и покрај предупредувањата од Турција, секој ден да се зацврстуваат во Европа.
„Тоа што споменатите активности се изведени истовремено, е резултатот на гледањето низ прсти на организацијата ПКК во Европа“, се истакнува во соопштението.
Турското МНР потсетува на виталната важност од преземање неопходни мерки против ПКК, не само од аспект на безбедноста на Турција, туку и на другите земји.
„Амбасадорите на земјите во кои се изведени споменатите активности во Анкара ќе ги повикаме во нашето Министерство и ќе ги информираме за вознемиреноста поради споменатите активности“, се наведува во соопштението.
Припадници на ПКК синоќа во Париз одржаа демонстрации, а дел од нив насилно влегоа во седиштето на новинската агенција АФП и на балконот истакнаа постери од водачот на оваа организација, Абдула Оџалан. Припадниците на ПКК извикуваа слогани повеќе од еден час, а демонстрациите завршија по разговорите со уредниците на АФП.