Mustafa Yıldırım
05 Мај 2018•Ажурирај: 06 Мај 2018
ИЗМИР (АА) - Откако во Центарот за враќање на странци „Хармандали“ беше завршена обработката на податоците, од турскиот град Измир беа депортирани 327 мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за 324 авганистански државјани кои по илегален пат преминаа на територијата на Турција и беа фатени од безбедносните сили.
Во Центарот за враќање на странци „Хармандили“, беше завршена обработката на нивните податоци, а тие со 10 автобуси беа префрлени на аеродромот „Аднан Мендерес“ во Измир.
При транспортот до аеродромот, беа преземени високи безбедносни мерки, по што беа испратени со лет до главниот град на Авганистан, Кабул.