Sinan Özmüş
30 Јуни 2019•Ажурирај: 01 Јули 2019
АНТАЛИЈА (АА) - Популарната туристичка дестинација во Турција, Анталија, вчера ја посетија вкупно 90.989 лица, со што е соборен дневниот рекорд во месец јуни, јавува Anadolu Agency (AA).
Гувернерот на Анталија, Мунир Каралоглу, соопшти дека рекордите се соборени и на 8 јуни кога Анталија ја посетиле 85.205, а на 22 јуни, 86.308 посетители.
Каралоглу изјави дека бројот на посетителите кои вчера допатувале во Анталија изнесувал 90.989.
Анталија е едно од најпосетуваните летувалишта во Турција, а ја красат песочните плажи, луксузните хотели и морето со тиркизна боја. Со своите природни убавини и врвна услуга привлекува гости од целиот свет.