Ekrem Payan
23 Април 2017•Ажурирај: 24 Април 2017
ШИРНАК (АА) - Најмалку двајца турски војници загинаа во судирите со членовите на терористичката организација ПКК во југоисточна Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Членовите на турските безбедносни сили вршат широка антитерористичка операција во Улудере во југоисточната област Ширнак, а рано утринава терористите на ПКК отворија оган и убија двајца војници.
Антитерористичката операција е продолжена со цел неутрализирање на терористичките упоришта во планинските периферии на Ширнак, а во последните неколку дена се неутрализирани најмалку 45 терористи.
Сепаратистичка организација ПКК се наоѓа на листата на терористичките организации во Турција, САД и Европската унија.
Станува збор за организација која повеќе од три децении врши воена кампања против Турција, а таа кампања беше интензивирана во јули 2015 година.
До сега во тие напади загинаа повеќе од 1.200 луѓе, вклучувајќи ги и членовите на турските безбедносни сили и цивили.