Efsun Yılmaz
23 Април 2017•Ажурирај: 24 Април 2017
ИЗМИР (АА) – Во турскиот град Измир се одржува саемот на книгата на кој турскиот писател на проза и поезија, Умит Јашар Ишикхан ја претстави својата книга со димензии 4х8 милиметри. Книгата може да се чита, тешка е 0.23 грама и има 96 страници, јавува Anadolu Agency (AA).
Ишикхан изјави дека ова не му е прво дело со вака мали димензии. Како што рече во својата изјава, мината година презентирал книга со димензии 9х12 милиметри, тешка 0,75 грама. Тој рече дека тоа лани била најмалата книга која може да се чита и дека со неа го урнал светскиот рекорд.
Писателот Ишикхан оваа година ја претстави книгата „Тага по љубовта” која е со уште помали димензии, предизвикувајќи голем интерес кај посетителите на саемот на книгата во Измир.
„Кога книгата ќе ви испадне од раце, не можете да ја пронајдете. Тоа е најмалата книга која може да се чита. Печатна е страница по страница, а повезот е правен со помош на пинцета”, изјави Ишикхан.
Ишикхан соопшти дека минатогодишниот примерок на минијатурната книга со димензии 9х12 чинела колку грам злато. Кога станува збор за книгата „Тага по љубовта”, авторот Ишикхан изјави дека не сака да ја продаде, но соопшти дека нејзината вредност е 300 турски лири (околу 77 евра).