Nilay Kar
03 Август 2017•Ажурирај: 04 Август 2017
ИЗМИР (АА) - Турција го повика Катар, кој од јуни се наоѓа под блокада од страна на арапските земји, да се здружат во одржливо производство на храна, изјави турскиот министер за економија денес, јавува Anadolu Agency (AA).
Нихат Зејбекџи, предложи дека Турција, наместо да праќа готова стока во Катар може да праќа суровини кои Катар ќе ги процесира во сопствени продукти.
„Производството може да започне тука (во Турција) но да продолжи во Катар”, истакна тој, зборувајќи на Турско-катарскиот бизнис форум во турската западна област Измир, каде што исто така присуствува и неговиот катарски колега Шеикот Ахмед бин Џасим бин Мухамед Ал Тани.
Турција има испратено вкупно 221 карго-авиони со стока за секојдневна употреба во Катар по блокадата, изјави министерот.
„Една од најважните работи кои ни се потребни во нашите идни цели е обезбедување на оддржлива енергија и потребни суровини”, наглси тоj, додавајќи дека земјите морале да создадат нивни сопствени можности за финансирање.
Двајцата министри подоцна се состанаа зад затворени врати.
Од 5 јуни Катар е под блокада од страна на арапските земји - Саудиска Арабија, ОАЕ, Египет, Бахреин и Јемен кои ја обвинуваат Доха за поддржување на тероризмот.
Катарската влада ги негира обвиненијата, велејќи дека блокадата е неправедна и дека претставува кршење на меѓународното право.