Barış Gündoğan
15 Август 2021•Ажурирај: 16 Август 2021
АНКАРА
Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) на Турција соопшти дека во поплавите што ги зафатија областите Кастамону, Синоп и Бартин во Црноморскиот Регион животот го загубија 59 лица, известува Агенција Анадолија (АА).
„Поплавите во Кастамону ја предизвикаа смртта на 49 граѓани, 9 во Синоп и на едно лице во Бартин“, се вели во соопштението на АФАД.

АФАД информираше и дека сите надлежни служби се на терен и продолжуваат со евакуацијата, потрагата и спасувањето на загрозените, додавајќи дека во болниците се хоспитализирани 8 лица што се повредени во текот на поплавите што го зафатија Црноморскиот Регион на Турција.