Büşra Selvi Öğütcen
14 Август 2021•Ажурирај: 15 Август 2021
АНКАРА
Земјотрес со интензитет од 7,2 степени го потресе подрачјето во близина на брегот на Хаити, известува Агенција Анадолија (АА).
Американскиот геолошки завод објави дека епицентарот на земјотресот со интензитет од 7,2 степени бил на 12 километри североисточно од Сен-Жан ди Сид.
Земјотресот што бил почувствуван во Порт о Пренс, главниот град на Хаити, ги принуди луѓето во паника да излезат на улица.
По земјотресот, што бил на длабочина од 10 километри, не било дадено предупредување за можно цунами.
На друштвените мрежи се појавија фотографии по земјотресот на кои се гледаат урнати делови од станбени објекти, улици затрупани со камења и оштетени возила.