Zafer Çakmak
12 Јануари 2018•Ажурирај: 13 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) во 2017 година неутрализираа вкупно 7.016 терористи, од кои 3.239 припадници на ПКК/КЏК и 3.777 припадници на ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
ТСК во 2017 година уништи 1.958 терористички вооружени позиции, засолништа, скривалишта, пештери и магацини. Во текот на изминатата година ТСК фати 439.195 лица кои на илегален начин се обиделе да ја преминат границата.
Во операциите изведени во 2017 година, запленети се околу 54 тони канабис и наркотички средства, 4 милиони 734 илјади и 27 корени марихуана и 26.483 таблети.
- 9.236 припадници на персоналот се отпуштени
Турските вооружени сили во борбата против ФЕТО / ПЈД досега од својот персонал од работа отпуштија 9.236 лица, а приведени се 5.399 поранешни припадници на персоналот.