Halil Demir
12 Јуни 2020•Ажурирај: 13 Јуни 2020
ИСТАНБУЛ
Во операцијата изведена во осум подрачја во Турција, вклучувајќи го и Истанбул, која беше насочена кон припадниците на терористичката организација ФЕТО, приведени се 28 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во рамките на истрагата на Обвинителството во Истанбул, издаден е налог за приведување на 40 лица осомничени дека ја користеле програмата за тајно комуницирање „БајЛок" (ByLock) а чии разговори се дешифрирани.
Екипите на Одделот за борба против организираниот криминал при полицијата во Истанбул изведоа претрес на 40 адреси во осум подрачја, при што фатија 28 лица.
Во тек е нивното процесуирање,а во тек е потрагата за останатите 12 лица.