Sertaç Bulur
05 Октомври 2020•Ажурирај: 06 Октомври 2020
АНКАРА
Во операција на Турската разузнавачка служба (МИТ) и полицијата против терористичката организација ДЕАШ, во Анкара од слобода се лишени 24 државјани на Ирак и еден на Финска, јавува Агенција Анадолија (АА).
АА дознава дека припадниците на Одделот за борба против тероризам при полицијата во Анкара и Регионалниот уред на МИТ, врз основа на собраните податоци на меѓународните анализи за проценка на ризик спровеле координирана акција за да фатат 29 осомничени, за кои се верува дека се поврзани со терористичката организација ДЕАШ и странските боишта, како и дека биле активни членови на организацијата во подрачјето на Сирија.
Екипите за борба против тероризам во утринските часови извршија претрес на неколку локации во Анкара, од слобода лишија 25 лица, меѓу кои се еден државјанин на Финска и 24 Ирачани.
Откако споменатите лица ќе бидат процесуирани, ќе биде започнат процес на депортација.
Од друга стана, екипата трага по четворица странци кои се во бегство.