Ahmet Gençtürk
05 Октомври 2020•Ажурирај: 06 Октомври 2020
АНКАРА
Агенција Анадолија и Турската агенција за соработка и координација (TИKA) денес започнаа онлајн програма за обука на новинарство за новата генерација.
На дводневиот настан преку видеоконференција ќе присуствуваат претставници од 25 медиуми од осум земји. Јазикот на обуката е арапски.
Во обраќањето на церемонијата за започнување на програмата, директорот на Новинската академија на Агенција Анадолија, Џихангир Ишбилир, изјави дека на Агенцијата ѝ претставува задоволство да го сподели своето 100-годишно искуство во новинарството со колегите новинари.
Истакнувајќи дека традиционалните медиуми се преземени од новите медиуми, тој ги повика учесниците да посетат обука за специјализација во различни домени организирана од Агенцијата Анадолија.
На церемонијата зборуваше и Угур Танжели, висок официјален претставник на ТИКА, кој изјави дека повеќе од 700 медиумски претставници во над 40 земји учествувале во голем број програми за обука што ги организирала ТИКА.
„Горди сме на нашата соработка со Агенција Анадолија, една од вкоренетите медиуми во Турција во полињата за обука на новинарство и комуникациски студии“, изјави Танжели.
Уредникот на вестите на АА на светските јазици, Мехмет Озтурк, ја одржа првата лекција во Програмата за обука и направи презентација за глобалното работење на Агенцијата.
„Со секојдневното објавување вести на Агенција Анадолија на 13 различни јазици, арапскиот јазик е од особено значење меѓу нив“, рече Озтурк.