Sinan Uslu
09 Октомври 2016•Ажурирај: 10 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Во операцијата за борба против тероризмот наречена „Загинатиот херој-подофицер Бахри Чавуш”, во покраината Хакќари, југоисточна Турција, до денес неутрализирани се 39 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Воени извори велат дека акцијата започнала на 4. октомври и дека сè уште трае. Во акцијата се запленети и големo количество оружје и експлозивни направи.
При пребарувањето на теренот пронајдено тело на припадник на терористичката организација ПКК, одредено количество на оружје.
При пребарување на теренот денес на брдото Зенгил во Чукурџа пронајдено е тело на припадник на терористичката организација ПКК и одредено количество оружје. Додека на возвишението Чилекли пронајдено е тело на терорист и уште три гроба на штотоку закопани терористи.