Hasan Hüseyin Kulaoğlu
04 Септември 2021•Ажурирај: 06 Септември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Турските власти денес објавија дека околу шест тони нелегално уловени школки се вратени во морето кај Истанбул, јавува Агенција Анадолија (АА).
Локалните власти надлежни за риболов и аквакултура соопштија дека пронашле школки чиј лов во Мраморното Море е забранет. Станува збор за 230 вреќи што се откриени во камион во четвртокот во истанбулската населба Бајрампаша, на европската страна на градот.
На лицата што незаконски ловеле школки изречени им се административни казни.