Orhan Onur Gemici
30 Декември 2017•Ажурирај: 31 Декември 2017
АНКАРА (AA) - Ширум Турција во текот на новогодишните празници ќе бидат ангажирани 80.565 припадници на полициските сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Засилените безбедносни мерки од страна на екипите на турската жандармерија во текот на новогодишната ноќ се со цел граѓаните и туристите празниците да ги поминат мирно и безбедно. Ќе бидат зајакнати контролите на патиштата како и на отворените простори за забава.
Надлежните ги предупредија граѓаните да не возат под дејство на алкохол, да не ја пречекоруваат дозволената брзина и во текот на возењето да користат појас.