Fatma Bülbül
13 Јули 2017•Ажурирај: 13 Јули 2017
КИЛИС (АА) - Според информации од канцеларијата на гувернерот, десет војници беа повредени утринава, во пожар што избувна во воена област во Килис, на југот од Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението издадено од канцеларијата на гувернерот се вели дека нема жртви во пожарот, а повредените војници веќе се пуштени од државната болница во Килис, на домашно лекување.
Инцидентот се случи во областа долж автопатот Килис – Газиантеп и предизвика мала експлозија во зоната за складирање муниција.
Пожарникарите и медицинските тимови се испратени на местото на настанот.
„Областа каде што се случи инцидентот е обезбедена и пожарот е ставен под контрола. Истрагата за инцидентот е во тек“, се вели во соопштението од Генералштабот на турската војска, објавено на официјалниот веб-сајт.
Градоначалникот на Килис, Хасан Кара, исто така рече дека на почетокот било тешко да се изгасне пожарот поради експлозијата во зоната со муниција, но подоцна тој бил ставен под контрола.