Uğur Ulu
22 Јуни 2020•Ажурирај: 22 Јуни 2020
БУРСА (АА) – Пронајдени се безживотните тела на три лица кои исчезнаа во поплавите што го зафатија подрачјето на Кестел во турската област Бурса, а се трага по уште едно лице, јавува Агенција Анадолија (АА).
Екипите на терен, во населбата Кајачик трагаа по четири лица, што исчезнаа во поплавите настанати во таа област. Во поток пронајдоа две мртви тела.
Слегувајќи со јажиња до потокот, екипите за пребарување и спасување ги подигнаа безживотните тела на двете лица. Потоа со амбулантни возила ги однесоа во мртовечницата на градската болница во Бурса.
Безживотното тело на третото лице е пронајдено на 200 метри оддалеченост од местото каде што се најдени првите 2 безживотни тела.
Продолжува потрагата за пронаоѓање на четвртото лице.