Ahmet Bayram
06 Август 2021•Ажурирај: 07 Август 2021
МАНИСА
Шест лица загинаа, а 42 се повредени во сообраќајна несреќа која се случи во подрачјето Сома, во турската област Маниса, јавува Агенција Анадолија (АА).
Автобусот, кој се движел на релација Истанбул - Измир, удрил во камион кој бил паркиран на десната лента.
Повредените лица се префрлени во болницата во близина.
Јашар Карадениз, гувернерот на Маниса, изјави дека четири лица се наоѓаат во тешка состојба.
Како што изјави тој, меѓу 42-те преживеани лица има и еден странски државјанин.