Faruk Zorlu
23 Април 2018•Ажурирај: 24 Април 2018
АНКАРА (АА) - Вкупно 42 терористи се неутрализирани како дел од антитерористичките операции низ цела Турција во текот на изминатата недела, објави денес Министерството за внатрешни работи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението, Министерството наведува дека безбедносните сили извршиле 1.383 антитерористички операции во периодот од 16 до 23 април.
Министерството нагласи дека 18 од терористите се убиени, 10 се заробени, а 14 им се предале на властите.
Во текот на операциите, приведени се и 131 лице за помагање на терористичката група ПКК и соучесништво, и 47 лица за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ.
Исто така, уште 532 лица се приведени поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО и 12 за поврзаност со левичарски терористички групи.
ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, ја продолжи својата оружена кампања против Турција во јули 2015 година.
Оттогаш, таа е одговорна за смртта на над 1.200 припадници на турските безбедносни сили и цивили, меѓу кои има голем број жени и деца.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за државен удар во јули 2016 година, во кој загинаа 250 лица, а беа повредени речиси 2.200 лица.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на власта во Турција, преку инфилтрирање на своите поданици во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.