Sena Güler
22 Април 2018•Ажурирај: 23 Април 2018
АНКАРА (АА) - Според анализата на податоците направена од Anadolu Agency (AA), од февруари 2017 година над 600 лица, обвинети во главниот град Анкара поради вмешаност во неуспешниот обид за пуч во Турција кој се случи во 2016 година, добија казни затвор во траење од десет години до казна доживотен затвор.
Терористичката организација ФЕТО на чело со водачот Фетула Ѓулен стои зад неуспешниот обид за пуч кој се случи на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 250 лица, а речиси 2.200 беа повредени.
Од 6 февруари 2017 година, кога на суд во Анкара се појави првиот пучист, завршени се вкупно тринаесет случаи во врска со обидот за пуч.
14. Кривичен суд во Анкара на осумнаесетмина пучисти им изрече отежната доживотна затворска казна поради осмислено убиство на армискиот офицер Омер Халисдемир.
Халисдемир, кој пред тоа усмрти еден од водачите на пучистите, стана симбол на отпорот на турскиот народ кон неуспешниот обид за државен удар.
13. Кривичен суд изрече отежнати доживотни затворски казни за 27 осомничени лица, додека 20 од нив добија доживотни затворски казни поради инцидентите за време на обидот за пуч во 58. Команда на артилерискиот полк во Полатли, Анкара.
На други 217 лица им се изречени затворски казни во траење од 12-20 години поради помагање во прекршувањето на Уставот. 64 осомничени лица се ослободени од судот.
- Времетраење на затворските казни -
Пред судиите на 18. Кривичен суд за тешки дела се појавија 52 осомничени лица кои управуваа со непријателските армиски тенкови на улиците низ главниот град, каде што на 11 им беа изречени отежнати доживотни затворски казни, 27 добија доживотен затвор, а 14 добија различни затворски казни.
Единаесет осомничени кои ја вршеле својата воена служба беа ослободени од судот.
Во случајот со киднапирањето на генералниот секретар на Претседателството на Турција, Фахри Касирга, за време на обидот за државен удар, 13. Kривичен суд за тешки дела им изрече на 18 обвинети отежнати доживотни затворски казни плус 12 години затвор, додека пет добија доживотен затвор плус 10 години.
Поранешниот полковник Мухсин Кутси Бариш, поранешен командант на Претседателската гарда, исто така доби 12 години затвор на истото рочиште.
За случајот со нападот врз зградата на Турк Телеком во Анкара, 13. Кривичен суд за тешки дела издаде отежнати доживотни затворски казни за 13 обвинети лица, додека 15 други добија доживотна казна затвор. Едно осомничено лице е ослободено.
17. Тежок Кривичен суд за активностите во Командата на крајбрежната стража, изрече доживотни затворски казни за 23 лица додека за две лица беа изречени отежнати доживотни затворски казни. Три лица се ослободени.
14. Кривичен суд во Анкара осуди 13 осомничени лица вклучително и осуммина поранешни војници и пет цивили на отежнати доживотни затворски казни поради обид за прекинување на сигналот на сателитскиот емитер ТУРКСАТ за време на неуспешниот обид за пуч.
Од судот во Анкара, исто така, се изречени отежнати доживотни затворски казни за 11 осомничени лица и над шест години затвор за четири осомничени лица, поради членување во вооружена терористичка организација.
Во случајот со киднапирање на пензионираниот генерал Камил Башоглу, поранешен шеф на Командата за доктрини, 17. Криминален суд изрече доживотни затворски казни за петмина поранешни војници, а двајца други добија девет години затвор.
Четири поранешни офицери, меѓу кои и водачи на поранешните ескадрили и поранешен поручник, кои прегазуваа цивили со тенкови, од 20. Кривичен суд добија тешки доживотни затворски казни.
Вкупно 64 студенти на Турската воена академија добија доживотни затворски казни, вклучително и четири отежнати доживотни затворски казни, од страна на 17. Кривичен суд за тешки дела, кој исто така ослободи 100 други кои немале намера за извршување кривично дело.
13. Кривичен суд за тешки дела изрече доживотни затворски казни за 22 лица поради нивните активности во Специјалниот воздухопловен полк, додека 11 лица добија додатни 12 години затвор поради лишување од слобода.
Во друг случај, 47 осомничени лица, вклучувајќи двајца поранешни контраадмирали, добија отежнати доживотни затворски казни поради нивните активности во Командата на турските морнарички сили, додека 18 други добија доживотни казни затвор.