Seyit Ahmet Aytaç
25 Јуни 2018•Ажурирај: 25 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку 24 терористи на терористичката организација ПКК се неутрализирани како дел од антитерористичките операции низ цела Турција во текот на изминатата недела, јавува Anadolu Agency (AA).
Турското Министерство за внатрешни работи денес соопшти дека Турските вооружени сили (ТСК) спровеле 2.945 антитерористички операции во периодот од 18 до 25 јуни со помош на копнените и воздушните турски сили.
Министерството нагласи дека 12 од терористите се убиени, седум се заробени, додека пет се предале на властите.
Безбедносните сили уништиле засолништа, вклучително и неколку пештери и импровизирани експлозивни направи, за време на операциите во југоисточните турски области Дијарбакир, Ширнак, Хакќари и Ван.
Во текот на операциите, безбедносните сили уапсиле 256 осомничени лица за кривични дела поврзани со тероризмот и 3.973 други лица поради криумчарење мигранти и трговија со дрога, додека 72 лица се задржани поради нелегална миграција. Покрај тоа, тие запленија 24 пиштоли и 560 парчиња разна муниција.
Терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на околу 40.000 луѓе од средината на 1980-тите години наваму, вклучувајќи и жени и деца.