Yunus Okur
01 Октомври 2016•Ажурирај: 02 Октомври 2016
ЕРУЗУРУМ (АА) - Во текот на акцијата на турските сили против сепаратистичката терористичка организација ПКК, во изминатиот месец, неутрализирани се најмалку 1.101 припадник на таа терористичка организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Безбедносните сили на Република Турција продолжуваат со решителната борба против терористите на ПКК, кои со терористичките напади, во кои загинаа голем број на цивили, жени, деца, стари луѓе, се обидуваат да го нарушат мирот во земјата.
Според информациите до коишто дојде АА, за време на акциите против терористите на ПКК во периодот меѓу 1. и 30. септември загинаа најмалку 79 припадници на безбедносните сили, меѓу кои 47 војници, двајца полицајци и 20 припадници на територијалната одбрана.
Како резултат на нападите загинаа осум цивили, меѓу кои и две деца од исто семејство од 2,5 и четири години, а ранети се 57 цивили.
Безбедносните сили возвратија со акции против терористите на ПКК, а во истиот период неутрализирани се 1.101 терорист, од кои 1.063 убиени, десет од нив се предале, а 28 се заробени.