Meltem Yılmaz
19 Јули 2016•Ажурирај: 19 Јули 2016
ТРЕБЗОН (AA) - Гувернерот на Трабзон Јучел Јавуз изјави дека во терориситчкиот напад на припадниците на безбедносните сили во дистриктот Мачка, во турскиот Трабзон, загинаа двајца полицајци, а петмина полицајци и еден цивил се ранети, јавува ANadolu Agency (AA).
Јавуз во пишано соопштение наведе дека во вторник во 8:30 часот (по локално време) дојде до терористички напад на припадниците на безбедносните сили кои го контролираа сообраќајот на главниот влез во центарот на дистриктот.
Гувернерот Јавуз нагласи дека е започната акција за неутрализирање на одговрните за нападот.