Ivana Ramadanova
10 Мај 2016•Ажурирај: 11 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - На Факултетот за ликовна уметност, во Сули ан во Старата скопска чаршија, денеска напладне беше отворена изложба на графики изработени од корисниците на дневните центри „Порака“ Скопје, со поддршка на студенти и професори од ФЛУ, јавува Anadolu Agency (AA).
Според организаторите, оваа изложба е насловена „Ликот на нашиот свет“, а ќе биде отворена дo 13-ти мај. Таа е организираана од Факултетот за ликовна уметност – отсек графика и Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“.

"Целта на изложбата е да се презентираат и да се истакнат можностите и потенцијалите на лицата со интелектуална попреченост. Тоа воедно придонесува и за директно влијание во разбивањето на предрасудите што постојано ги следат овие лица. Оваа изложба се организира по втор пат и е резултат на нашите корисници. Големо е задоволството што оваа изложба е стопроцентен труд на лицата со интелектулна попреченост, со помош и поддршка од професорот и студентите од секторот графика. Ние сме премногу задоволни од оваа соработка затоа што чекор по чекор покажуваме дека корисниците на нашиот дневен центар со интелектуална попреченост имаат во себе потенцијал, можности и можат да бидат вклучени во регуларните текови на секојдневието и секој аспект на живеењето, бидејќи тие имаат толку скриени таленти, потребна им е само поддршката од околината и општеството. Резултат на сето тоа се делата кои што се денеска изложени", изјави Василка Димоска, програмски менаџер во Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост.

Димоска вели дека последните неколку месеци интензивно се работело за бројката на изложени дела да достигне до 25 од дваесет и тројца корисници.
Ние продолжуваме да работиме понатаму. Имаме понуда од секторот вајарство, така што во наредниот период ќе работиме во тој поглед. Се надевам дека наредна изложба ќе биде комбинира односно дека ќе имаме дела и од вајарство. Засега имаме целосна поддршка од Министерството за труд и социјала, но она што сакаме да го напаравиме како нареден чекор е да воспоставиме контакт со Министерството за култура, изјави Димовска.