Hanife Erdinç
05 Јануари 2020•Ажурирај: 06 Јануари 2020
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во подрачјето на Ајваџик во турската област Чанаккале, фатени се 126 нерегуларни мигранти во обид на илегален начин да преминат на грчкиот остров Лезбос, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тимовите на Командата за крајбрежна безбедност кои продолжуваат со патроли во северниот дел на Егејското Море, реализираа операции на три локации.
Овие тимови, во операција на отворени води кај Кадирга, фатија 39 нерегуларни мигранти со потекло од Сирија, Конго, Сомалија и Централноафриканската Република.
Исто така, тимовите реализираа операција и на отворени води кај Левенткаја, во чии рамки фатија 28 нерегуларни мигранти со потекло од Авганистан, додека на отворени води кај Сивриџе задржаа 59 нерегуларни мигранти со потекло од Авганистан.
Мигрантите првин беа донесени во караулата на Крајбрежните сили во местото Ќучуккаја, каде што добија помош од облека и храна, а потоа беа пренесени во Центарот за враќање на странците во Ајваџик.