Can Erözden
01 Јули 2016•Ажурирај: 01 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Повеќе од 100 осомничени терористи на ДАЕШ се уапсени за време на јуни, се наведува од агенцијата за спроведување на законот, јавува Anadolu Agency (AA).
Од 106 уапсени, 32 лица се задржани во притвор. Преостанатите осомничени се депортирани, пуштени со кауција до завршување на истрагата или пуштени без додадтни работи кои треба да се преземат
Меѓу оние кои се депортирани од Турција се наоѓаат 19 Таџикистанци уапсени во Истанбул на 3-ти јуни. Апсењата се случија во провинциите Газиантеп, Килис, Мерсин, Кахраманмарас, Анталија, Измир, Маниса, Јозгат, Анкара, Бурса и Истанбул.
Полициската, жандармериската и воената евиденција која ја прегледа Anadolu Agency (AA) покажува дека за време на апсењето е запленето оружје, нови компјутери и документација.
Според наводите на турскиот министер за внатрешни работи, Ефкан Ала, кои ги изнесе во четврток, оваа година, до сега се уапсени 1,654 осомничени припадници на ДАЕШ,од кои 791 лице е од странство. Од вкупниот број на уапсени во притворот се задржани 664 лица.
Бројките од апсењето се составени по нападот на Меѓународниот аеродром „Ататурк” во Истанбул, кој се случи вторник, а во кој загинаа 44 лица, додека повеќе од 200 се повредени. Во врска со овој напад турските безбедносни агенции уапсија 13 лица.