Büşra Nur Bilgiç Çakmak
04 Ноември 2020•Ажурирај: 05 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денеска изјави дека Турција го осудува убиството на невините луѓе во Франција и Австрија во терористичките напади, но исто така очекува другите нации да ја покажат истата емпатија во врска со убиството на илјадници луѓе од страна на терористите на ПКК, јавува Агенција Анадолија (АА).
Зборувајќи за последните инциденти преку видеолинк на 130-тиот Комитет на министри на Советот на Европа, Чавушоглу изјави дека тероризмот нема религија, раса или каков било идентитет.
„Ништо не може да го оправда насилството, а камоли одземањето на нечиј живот“, додаде тој.
Чавушоглу изјави дека слободата на говор е значаен столб на демократијата, но оцрнувањето на најсветите вредности на која било религија не може да се претстави како слобода на говорот.
Цитирајќи го говорот на починатиот француски претседател Жак Ширак во 2006 година, Чавушоглу рече: „Слободата на говорот треба да се оствари во духот на одговорност.“
„Инсистирањето на спротивното, како претставување на карикатури на згради во Франција и обидите да се запали светата книга Куранот, дополнително ќе ги продлабочи поделбите во нашите општества и ќе го потхрани радикализмот. Се надеваме дека ова, заедно со вредните напори на ЕКРИ [Европската комисија против расизам и нетолеранција], ќе помогне да се врати трендот“, изјави Чавушоглу.
„Ние мора повторно да ја откриеме културата на заеднички живот во Европа. И Советот на Европа треба да го преземе водството“, додаде тој.
Врвниот турски дипломат го поздрави и назначувањето на специјалниот претставник на Советот на Европа за борба против антисемитски и антимуслимански кривични дела од омраза.
„Се надеваме дека ова, заедно со вредните напори на ЕКРИ [Европската комисија против расизам и нетолеранција], ќе помогне за враќање на овој тренд“, продолжи понатаму Чавушоглу.
- Територијален интегритет на Азербејџан -
Чавушоглу изјави дека користењето на Европскиот суд за човекови права (ECHR) за политички цели претставува основен предизвик за Европската конвенција за човекови права, додавајќи дека политичките мотиви не треба да ги заменуваат правните критериуми и дека треба да се чува висок „етички праг“ пред Судот.
„Ве повикувам да зборувате за територијалниот интегритет на Азербејџан без изговори. Не може да има двојни стандарди“, рече Чавушоглу.
„Исто како што се залагаме за територијалниот интегритет и суверенитет на Грузија и Украина, треба да ги браниме правата на Азербејџан“, додаде тој.
Чавушоглу рече дека активностите на Азербејџан се во согласност со резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации, ОБСЕ и Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), потсетувајќи на Резолуцијата 1.416 на ПССЕ донесена во 2005 година.
„Ерменија треба да стави крај на својата окупација и да одговара за намерните напади врз цивилите и континуирано кршење на договорите за прекин на огнот“, додаде.
Чавушоглу исто така се заблагодари на грчкото Претседателство и изрази сочувство за загубите на животите во земјотресот што во петокот ги погоди и Грција и Турција.
„Земјотресот дојде како уште еден горчлив потсетник за тоа колку сме ранливи и колку сме потребни едни на други“, рече тој.
„Пандемијата на Ковид-19, исто така, како уште еден стрес-тест, ги откри нашите слабости“, заврши Чавушоглу.