Handan Kazancı
23 Јуни 2020•Ажурирај: 23 Јуни 2020
ИСТАНБУЛ
Турција денес го критикуваше австрискиот канцелар Себастијан Курц поради неговите забелешки за грчки весник во врска со барателите на азил, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој критикувана e изјавата на австрискиот канцелар за дневниот весник Катимерини, веднаш по Светскиот ден на бегалците, кој беше одбележан на 20 јуни.
„Оваа земја, која пред сè ги затвора своите граници за барателите на азил, па дури и предлага да се изгради ѕид до границата, ги крши заедничките вредности на ЕУ и хуманоста, основните договори за човекови права и Женевската конвенција од 1951 година“, изјави Аксој.
Во неделата, Курц ја сподели насловната страница на Катимерини на Твитер и рече: „Исто така, повторив дека не смееме да бидеме уценувани од #Турција. Ние мора да престанеме со илегалната миграција на нашите надворешните граници, како и грчката граница. Ова е исто така наша одговорност како Европејци“.
Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, позната и како ФРОНТЕКС, во која учествуваат сите земји членки на Европската унија, вклучително и Австрија, „треба да ги спроведе овие договори и законите на ЕУ, да обезбеди заштита за барателите на азил кои доаѓаат на нивните граници, а не да ги бркаат и да спроведуваат понижувачки третман против нив“, побара Аксои.
„Ставот на Австрија кон барателите на азил“, рече тој, „не се разликува од оној на Грција“, за што Агенцијата за бегалци на ОН изрази загриженост поради наводните повеќекратни извештаи за притисоци од грчките власти на морските и копнените граници на земјата, евентуално враќање на мигрантите и баратели на азил во Турција.
Во изјавата се цитира и Дуња Мијатовиќ, комесарката за човекови права на Советот на Европа, која во петокот изјави: „Заштитата на човековите права и достоинството на бегалците не е опција, туку морална и правна обврска што треба да ја почитуваат сите земји-членки. "