Havva Kara Aydın
22 Јуни 2020•Ажурирај: 23 Јуни 2020
АНКАРА
Турската антитерористичка операција „Канџа-тигар“ во северен Ирак се одвива успешно според планот, изјави турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Операцијата Канџа-тигар продолжува успешно според планираното со цел да се неутрализира ПКК и другите терористички елементи кои ѝ се закануваат на безбедноста на нашиот народ и границите и обидите да се нападнат нашите полициски станици и бази“, напиша Акар на Твитер.
Операцијата започна минатата недела против ПКК и другите терористички елементи кои неодамна изведоа напади од северен Ирак, преку границата со Турција.
Акар исто така постираше и снимка од операцијата.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца. ЈПГ е нејзин сириски огранок.