Ali Murat Alhas
15 Септември 2019•Ажурирај: 16 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Турското Министерство за надворешни работи ги осуди нападите со беспилотно летало врз двата објекта на саудиската државна нафтена компанија „Арамко“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Преку соопштение Министерството истакна дека ги осудува нападите со беспилотни летала што се случија синоќа, поради кои е предизвикан пожар во објектите лоцирани југозападно од градското подрачје Дахран.
Турција ги повика земјите од регионот да се воздржат од провокации што би можеле да ја нарушат безбедноста и стабилноста во регионот на Заливот.
По нападите Саудиска Арабија привремено го прекина производството на нафта од нејзините две нафтени постројки на саудиски „Арамко“, кои произведуваат околу два милиона барели нафта на ден.