Canan Tükelay
15 Септември 2019•Ажурирај: 15 Септември 2019
АФЈОНКАРАХИСАР
Во турскиот град Афјонкарахисар се преврте патнички автобус. Во несреќата животот го загуби едно лице, а 40 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, во подрачјето на Аниткаја во провалија се превртел патнички автобус.
Во несреќата животот го загуби двегодишно дете, додека 40 се повредени. Амбулантните возила повредените го пренесоа во градските болници. Полицијата го привела возачот на автобусот.
- „Имавме проблеми со гумата“
Самет Чагри е еден од патниците кој се спасил без претрпени повреди. Тој за АА изјави дека не можел да се поврати од шокот од несреќата.
Тој изјави дека седел во средниот дел од автобусот и дека не знае дали возачот заспал за време на патувањето.
Чагри појасни дека во текот на патувањето имале проблеми со гумата на автобусот, иако таа била сменета, по што го продолжиле патот.
Според неговите зборови, во несреќата потешко се повредени две лица. Засега не е позната причината која ја предизвикала несреќата.
Автобусот се обраќал на релацијата Истанбул - Анталија.