Jeyhun Aliyev
30 Јуни 2020•Ажурирај: 30 Јуни 2020
АНКАРА
Турција денес го осуди нападот врз статуата на основачот на Турција, Кемал Ататурк во САД, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во врска со неодамнешниот напад врз статуата на Ататурк пред резиденцијата на амбасадата на Турција во Вашингтон, портпаролот на Министерство за надворешни работи, Хами Аксој изјави дека ваквите лоши акти не можат да ја засенат славната историја на земјата и сеќавањата на големиот лидер Ататурк.
„За да покренеме истрага за сторителите на оваа грозоморна акција, нашата амбасада во Вашингтон презеде неопходни иницијативи со американските власти“, рече Аксој во писмената изјава.
Нападот насочен кон бронзената статуа на Ататурк се случи во главниот град на САД на 25 јуни.