Fatih Hafız Mehmet
29 Ноември 2017•Ажурирај: 29 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес повтори дека Турција поддржува независна и суверена држава Палестина, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу по повод Меѓународниот ден на солидарноста со палестинскиот народ во објава на социјалната мрежа Твитер (Twitter) истакна.
„На Меѓународниот ден на солидарноста со палестинскиот народ, ние ја повторуваме нашата поддршка за независна и суверена земја #Палестина во границите од 1967 година, со Ерусалим како нејзин главен град. #Турција е со нашите палестински браќа и ги поддржува сите нивни напори за единство“, објави Чавушоглу.
Меѓународниот ден на солидарноста со палестинскиот народ се означува секоја година на 29 ноември, за да се совпадне со годишнината од Резолуцијата 181 на Генералното собрание на ОН.
Усвоена во 1947 година, Резолуцијата 181 повика на поделба на Палестина на територии под еврејска и арапска јурисдикција по истекувањето на британскиот мандат на Палестина.
Според ОН, овој ден претставува можност меѓународната заедница да го фокусира своето внимание на фактот дека прашањето за Палестина останува нерешено и дека палестинскиот народ допрва треба да ги добие своите неотуѓиви права.