Ahmet Gençtürk
10 Декември 2020•Ажурирај: 10 Декември 2020
ВАН
Двајца терористи на ПКК/КЏК го положија нивното оружје во турската источна област Ван, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението издадено од канцеларијата на Гувернерот, како дел од напорите за убедување од страна на жандармериските сили во областа, терористите кои се придружиле на терористичкаа организација во 2014 година во Ван и 2015 година во јужната област Мерсин, се предадоа на безбедносните сили.
Бројот на терористите кои се предадоа преку обидите за убедување оваа година достигна 232, се соопштува од Министерството за внатрешни работи.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.