Ali Cura
15 Јули 2020•Ажурирај: 16 Јули 2020
МОСКВА
Досега во Русија се детектирани 746.369 случаи на заразеност со новиот тип коронавирус (Ковид-19), а вкупната бројка на смртни случаи се искачи на 11.770, јавува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за контрола и превенции на инфекции од коронавирусот во Русија објави дека во последните 24 часа во земјата се детектирани 6.422 случаи на заразеност со Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на лица позитивни на коронавирусот на 746.369.
Во последното деноноќие во Русија се регистрирани 156 смртни случаи како резултат на заразеност со Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 11.770, а оздравеа 10.424 заразени, со што вкупната бројка на оздравени се зголеми на 523.249.
Кај новодетектираните случаи на заразеност со коронавирусот, 26,6 отсто немаат карактеристични симптоми на коронавирусот.
Во последните 24 часа во Москва се детектирани 628 лица позитивни на Ковид-19, вкупно 231.270 досега, додека вкупната бројка на починати се зголеми на 4.234, од кои 29 во последните 24 часа.
Рускиот Сервис за здравство и заштита на правата на потрошувачите објави дека во последнтие 24 часа се спроведени 258 илјади тестирања, со што вкупната бројка на извршени тестирања во Русија изнесува 23.700.000.