Ahmet Bayram
18 Октомври 2016•Ажурирај: 18 Октомври 2016
ИЗМИР (АА) - Турската крајбрежна стража во Егејското Море за четири дена спаси 240 мигранти, кои имале намера на илегален начин да преминат на грчките острови, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на канцеларијата на гувернерот на турската покраина Измир се вели дека крајбрежната стража во периодот меѓу 13-ти и 16-ти октомври, за време на редовните патроли спасиле мигранти меѓу кои има жени и деца.
Спасувачките акции се извршени во морските подрачја на покраините Измир, Ајдин и Чанаккале. Мигрантите кои имале намера по илегален пат да преминат на грчките острови се со потекло од Сирија, Конго, Доминиканскта Република, Мароко, Ирак, Авганистан и Еритреја.