Dilara Hamit
29 Ноември 2019•Ажурирај: 30 Ноември 2019
АНКАРА (AA) - Владата на Турција донесе одлука за забрана на јавна продажба на цијаниди поради порастот на бројот на самоубиства извршени со употреба на оваа отровна супстанција, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Според новата одлука за продажба на цијаниди, потребен е сертификат на крајниот корисник, во кој треба да се наведе во кое количество се користи супстанцијата и во кои цели“, соопшти турското Министерство за животна средина и урбанизам.
Во Турција, врз основа на одлуката која е објавена во „Службен весник“, отсега ќе се контролира продажбата на цијанид водород, цијановодородна киселина, како и на калциум цијанидот.
Цијанидите во иднина нема да бидат достапни на корисниците преку интернет-продажбата, додека сите амбалажи ќе бидат означени со предупредувањето „Само за професионална и индустриска употреба“.
Цијанидите се силни отрови и во ноември оваа година во Турција три случаи на самоубиство беа поврзани со употреба на оваа супстанција.