Oktay Özden
29 Април 2018•Ажурирај: 30 Април 2018
АНТАЛИЈА (АА) - Најголемиот регионален авијациски настан во Турција, „Eurasia Airshow“, кој се одржа во Анталија заврши со настапот на акробацискиот тим „Турски ѕвезди“ на воздухопловните сили на оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Иако саемот е организиран по првпат, успеа да привлече голем број компании и посетители.
Саемот е отворен на 25. април, под покровителство на канцеларијата на турскиот претседател.
Програмите во текот на саемот, чиј глобален медиумски партнер е Anadolu Agency (AA), беа отворени за јавноста.
На „Eurasia Airshow“ учествуваа акробациски тимови, цивилни и воени делегации од повеќе од 100 земји во светот. Своите последни производи ги презентираа и неколку стотина компании од светот на авијацијата.
Од аеродромот во Анталија полета и Антонов 124, втор по големина транспортен авион во светот.