Erdoğan Çağatay Zontur
31 Март 2020•Ажурирај: 01 Април 2020
ИСТАНБУЛ / ИЗМИР
Турските безбедносни сили денес запленија над 120.000 нелегално произведени медицински маски, јавува Агенција Анадолија (АА).
Полицијата која преходно доби дојава, изврши рации на две работни места во истанбулските подрачја Ќучукчекмеџе и Бахчелиевлер и заплени 29.400 маски, изјави официјален претставник за АА под услов да остане анонимен.
Објектите за производство се затворени, додаваат официјалните претставници.
Во одвоена операција, полицијата во Измир исто така заплени 92.000 нелегално произведени маски.
Во светот зголемена е барувачката за маски за лице поради пандемијата на коронавирус, од кој досега починаа речиси 40.000 лица ширум светот.
Маските можат да ги заштитат луѓето да се заразат, а во исто време и да ги спречат болните да ја шират болеста на другите, но здравствените работници низ светот, кои имаат најголема потреба од маските, се жалат од недостиг на маски.
Според податоците објавени од страна на универзитетот „Џон Хопкинс“, откако новиот тип на коронавирусот за прв пат се појави во кинескиот град Вухан декември минатата година, досега од Ковид-19 се заразени повеќе од 803.000 лица во 178 земји низ светот.
Во Турција повеќе од 10.000 лица се позитивни на вирусот, додека 168 лица починаа.