Aykut Karadağ
14 Февруари 2022•Ажурирај: 15 Февруари 2022
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили започнаа нова антитерористичка операција во југоисточната турска област Хакќари, соопшти Министерството за внатрешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Вкупно 555 лица од безбедносниот персонал и 37 оперативни тимови ќе бидат дел од операцијата „Ерен Зима - 25 (село Хакќари- Огул) шехид Тимуџин Аладаг“, наредник на жандармеријата“, информира Министерството преку соопштението.
Последната операција е дел од тековните напори за зајакнување на мирот и безбедноста во регионот.
„Операцијата, чија цел е целосно елиминирање на тероризмот во земјата, ќе продолжи успешно, верно и одлучно со поддршка од граѓаните“, се додава од Министерството.
Турција ја започна операцијата „Ерен“, која е именувана по Ерен Булбул, 15-годишник убиен од страна на терористичката организација ПКК, на 11 август 2017 година.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.