Ahmet Sait Akçay
10 Август 2017•Ажурирај: 11 Август 2017
ВАН (АА) - Повеќе од 200 осомничени за поврзаност со терористичката група ПКК се приведени во источната област Ван, по големиот број операции против шверцот спроведени во текот на последните два месеца, соопшти денес командата на обласната жандармерија, јавува Anadolu Agency (AA).
Операциите се со цел да се сузбијат изворите за финансирање на ПКК.
Во соопштението на жандармеријата се вели: „Вкупно 211 осомничени се притворени во текот на 146 операции спроведени од страна на безбедносните сили во градот и во руралните подрачја, 57 од осомничените се задржани во притвор од страна на локалниот суд“.
„За време на операциите беа конфискувани 300 килограми хероин, 54 килограми марихуана, како и 750.000 шверцувани цигари, 10 тони тутун, 11 тони шверцуван чај, 2 тони нафта и 3.000 апарати“, се вели во соопштението.
„Запленетата дрога и стока се проценети во вредност од најмалку 29 милиони турски лири (19,8 милиони долари); компаниите и луѓето кои се вклучени во шверцот исто така беа процесуирани“, се додава во соопштението.
Повеќе од 1.200 лица, вклучувајќи безбедносен персонал и цивили ги загубија своите животи откако ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и во ЕУ ја продолжи својата децениска оружена кампања во јули 2015 година.