Handan Kazancı
12 Октомври 2020•Ажурирај: 13 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 4,8 степени го потресе Егејскиот Регион на Турција рано утринава, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека земјотресот се случил во 3.30 часот изутрина по локално време на длабочина од 6 километри.
Земјотресот е регистриран на 173 километри од брегот на областа Датча во југозападната турска област Мугла.
Нема пријавено жртви или материјална штета.
Втор земјотрес со јачина од 4,2 степени се случи во Егејското Море во 3.44 часот изутрина по локално време, додаде АФАД.
Оттаму соопштија дека уште еден земјотрес со јачина од 5 степени е регистриран во Егејското Море во 7.11 часот по локално време.
Се наведува дека вкупно пет земјотреси - три од нив со магнитуда 4 - се случиле во регионот, по првиот земјотрес што се случи денес во 3.30 часот изутрина.