Mehmet Tosun
26 Октомври 2017•Ажурирај: 26 Октомври 2017
АНКАРА (AA) - Најмалку пет терористи се неутрализирани во воздушните напади кои турските сили рано утрово ги изведоа на упориштата на терористичката организација ПКК на северот на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската војска соопшти дека воздушните напади се изведени на новооткриените засолништа и камповите во кои терористите спремале нови напади на положбите на турската војска.
Станува збор за камповите на планините Метина и Зап на северниот пограничен појас на Ирак.
По успешните удари сите турски бомбардери се вратија во базата.
Планините Кандил, Гара, Метин и Зап се наоѓаат на северот на Ирак, долж ирачко-турската граница. Станува збор за подрачје кое важи за лулка на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија.