Handan Kazancı
05 Јануари 2021•Ажурирај: 06 Јануари 2021
АНКАРА/БАЛИКЕСИР (АА) - Турското Обвинителство денес издаде налози за приведување на 40 лица поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, која стои зад неуспешниот обид за државен удар во земјата во 2016 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Обвинителите во главниот град Анкара издадоа налози за приведување на 29 лица, меѓу кои и воен персонал и цивили, поради поврзаност со ФЕТО.
Канцеларијата на главниот обвинител соопшти дека полицијата спровела антитерористички операции во 10 турски области и дека привела 22 осомничени.
Во западната турска област Баликесир, обвинителите издадоа налози за приведување на 11 осомничени припадници на ФЕТО во трите турски области Истанбул, Измир и Баликесир.
Меѓу осомничените има и кадети, лекари и персонал од приватниот сектор.
Осомничените се товарат за употреба на „БајЛок“ (ByLock), шифрирана апликација за пораки за паметни телефони на терористичката организација, и за членување во ФЕТО.
Терористичката ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, го организираа неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 лица беа повредени.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државниот поредок преку инфилтрирање на свои приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.