Seda Sevencan
04 Јануари 2021•Ажурирај: 05 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Оној кој во Европската Унија зборува против Турција всушност сака да ја уништи иднината на Европа, изјави портпаролот на турската владејачка партија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Обвинувајќи одредени европски лидери за заземањето поинаков пристап при обидите „да предизвикаат вознемиреност во Турција“, портпаролот на Партијата за правда и развој (АК Parti) Омер Челик, по состанокот на Централниот извршен одбор на партијата истакна дека овие лидери „применуваат двојни стандарди кога немирите почнуваат да се појавуваат во нивните земји“.
По годината која забележа подеми и падови во односите меѓу Турција и Европската Унија (ЕУ), турските лидери неодамна ја повторија кандидатурата на земјата за членство во Блокот, велејќи дека односите може да се подобрат оваа година, доколку ЕУ преземе чекори кои покажуваат почит кон Република Турција.