Cemil Murat Budak
18 Јануари 2022•Ажурирај: 19 Јануари 2022
АНКАРА (АА) - Турскиот суд издаде налози за приведување на 64 лица поврзани со терористичката организација ДЕАШ, соопштија денес судски извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Канцеларијата на главниот јавен обвинител во главниот град Анкара соопшти дека налозите за приведување биле издадени како дел од истрагата започната од Анкара во 24 области.
„Осомничените се обвинети за давање финансиска помош на припадниците на терористичката организација и нивните семејства кои пресојувале во Турција и дејствуваат во конфликтните зони во Сирија“, се додава од Судот.
Турција беше помеѓу првите земји која ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација.
Оттогаш, во земјата се извршени неколку напади од страна на терористичката организација ДЕАШ и тоа 10 самоубиствени бомбашки напади, 7 бомбашки и 4 вооружени напади во кои загинаа 315 луѓе, а повредени беа стотици.
Како одговор на тоа, Турција започна антитерористички операции во земјата и во странство за да спречи понатамошни терористички напади.