Ahmet Gençtürk
18 Јануари 2022•Ажурирај: 19 Јануари 2022
АНКАРА (АА) - Турција денес изрази сочувство до семејствата на оние кои ги загубија своите животи во земјотресот кој се случи вчера во западниот дел на Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Најмалку 12 лица, меѓу кои и деца, загинаа, а повеќемина се повредени по земјотресот со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала што вчера ја погоди покраината Бадгис во Авганистан.
Во соопштението, турското Министерство за надворешни работи им посака брзо закрепнување на повредените и повтори дека Турција е подготвена да обезбеди секаков вид хуманитарна помош.